>

За програмата

За програмата

Новата Интеррег-ИПА прекугранична програма Бугарија – Македонија е донесена на 5-ти август 2015 година од страна на Европската Комисијата со одлука № C (2015) 5653 и се фокусира на мерките насочени кон ублажување на последиците од климатските промени како и во решавањето на прашања поврзани со заштита на природата и биодиверзитетот, одржливо користење на природните ресурси, заштита на животната средина и управување со ризик на прекугранично ниво. Главниот фокус на програмата, исто така, е ставен врз заштитата на природното и културното наследство во регионот. Покрај тоа, финансирањето ќе помогне во зголемување на конкурентноста на малите и средни претпријатија и во олеснување на нивниот пристап до нови пазари

Корина Крету, комесарот за регионална политика, рече: "Јас сум многу задоволен што се донесе оваа програма за соработка помеѓу Бугарија и поранешна југословенска Република Македонија. Прекуграничната програма зависи од силната волја на засегнатите страни да ги здружат своите ресурси заедно за справување со заедничките предизвици. Преку соработка во животната средина, туризам и конкурентноста на млаите и средни претпријатија, регионот може да ја зголеми својата атрактивност за туристи и инвеститори. Им посакувам на двете земји успех во реализирањето на оваа соработка и им давам поддршка на проектите кои ќе бидат реализирани со заеднички сили. "

Интеррег-ИПА прекуграничната програма опфаќа 2 погранични региони во Бугарија и 3 региони од Република Македонија. Таа е со вредност од повеќе од 19 милиони € со учество од речиси 17 милиони € од Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

Некои од очекуваните резултати се:

  • Подобрен капацитет за заштита на животната средина и одржливо користење на заеднички природните ресурси, на пример, со инвестирање во зелена инфраструктура, како и во обука и градење на капацитети за јавните институции;
  • Подобрување на капацитетот за заедничка реакција во случај на пожари, поплави и други итни ситуации преку враќање на речните брегови, зонско и регионално / локално планирање прилагодено на речните сливови и со спроведување на сеопфатни иницијативи за заштита од пожар;
  • Зголемување на атрактивноста на туризмот преку обновување на објекти од културно наследство и одржување на традиционални предели;

АКТИВНОСТИ

  • Подобрен капацитет за заштита на животната средина и одржливо користење на заеднички природни ресурси, на пример, преку инвестирање во зелена инфраструктура, како и во активности за обука и градење капацитети за јавните власти
  • Подобрен капацитет за заедничка реакција во случај на пожари, поплави и други вонредни ситуации со обновување на речните брегови, зони и регионално / локално планирање прилагодени на сливот и преку спроведување на сеопфатни иницијативи за заштита од пожари.
  • Зголемена атрактивност за туризам преку реставрација на згради наследство и одржување на традиционалните пејзажи.
  • Increased attractiveness for tourism through the restoration of heritage buildings and the maintenance of traditional landscapes.
  • Зајакната соработка и вмрежување за одржлив развој на туризмот;
  • Подобрување на условите за развој на бизнисот: конкурентна локална економија базирана на основа на регионални средства и со силни врски со меѓународните пазари преку зајакнување на капацитетите на образовниот систем ориентиран кон потребите на пазарот;
  • Зголемување на капацитетот на јавниот и приватниот сектор за развој на бизнисот преку промоција на претприемништвото и соработката за размена на нови идеи, вештини и технологии како и поттикнување на создавање на нови фирми.

Контекст:

5-то NUTS III или еквивалентни области кои се вклучени во Интеррег-ИПА прекугранична програма Бугарија – Македонија се:

  • Во Бугарија: областите Благоевград и Ќустендил.
  • Во Македонија: Североисточниот, Источниот и Југоисточниот плански регион.

Програмата ќе се фокусира на следните три приоритети:

  1. Животната средина
  2. Одржлив туризам;
  3. Конкурентност

Вкупниот буџет на програмата за соработка: € 19 461 690

Вкупното учество на Европската Унија (ИПА - Инструмент за претпристапна помош): € 16 542 434.

Програмата е управувана од страна на Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија. Контакт: ул. Св. Кирил и Metоди бр. 17-19, Софија 1202, Бугарија – http://www.mrrb.government.bg

Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот (Waste EDU)

Веб страната е кофинансирана од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ - ИПА CCI 2014TC16I5CB006 Бугарија-Македонија. Оваа веб страна е изработена со помош на Европската Унија. Содржината на оваа веб страна е одговорност на Центар за климатски промени - Гевгелија и не ги одразува ставовите на Европската Унија, државите учеснички и раководниот орган.