За Регионот

Југоисточен плански регион во Р.Македонија

Југоисточен регион

Југоисточниот регион е еден од осумте статистички и плански региони на Македонија. Југоисточниот регион се наоѓа во југоисточниот дел на земјата и се граничи со Република Грција и Бугарија. Овој регион граничи со вардарскиот и источниот плански регион.

Југоисточниот плански регион е составен од 10 општини, и тоа

Моментално население во Југоисточниот плански регион е 171,416 жители, според последниот попис на населението во 2002 година.

Попис Година Население Промена
1994 167,941 н/п
2002 171,416 +3.13%

Најголемата етничка група во овој регион се Македонците


Број %
ВКУПНО 171,416 100
Македонци 154,957 90.4
Турци 12,661 7.4
Срби 1,194 0.7
Други 2,604 1.5

Област Благоевград

Областа Благоевград се наоѓа во југозападниот дел од територијата на Република Бугарија. Сместена е помеѓу Ќустендилската, Софиската, Пазарџидската и Смолјанската област и државните граници со Грција и Македонија. Вкупната површина на областа ги вклучува долините на реките Струма и Места, Пирин планина, како и делови од планините Рила, Родопи, Славјанка, Беласица, Огражден, Малешевска и Влахина. Областа Благоевград е дел од југозападниот регион за планирање. Територијата на областа опфаќа површина од 6452,3 km2, што претставува 5,8% од територијата на земјата. Oбласта е поделена на 14 општини, 96 кметства и 280 населени места. Областа Благоевград се одликува со исклучителна разновидност на релјефот. Во него се наоѓаат највисоките планини во Бугарија - Рила, Пирин и Родопи. Иако со помала висина, но со планински релјеф се дел од териториите на Влахина, Малешевска, Огражден, Беласица и Славjaнка планина. Водните ресурси на областа се формираат од главните одводни артерии на реките Струма и Места и нивните бројни притоки - Благоевградска Бистрица, Пиринска Бистрица, Лебница, Струмешница, Белишка река, Демјаница, Бистрица, Туфча и др. Климата е со силно изразено средоземноморско влијание по течението на реките Струма, Струмешница и Места. Ова одредува соодветни услови за одгледување на голем број медитерански видови на растенија кои бараат топлина. Добри се условите за наводнување и мелиорации во долините на реките. Почвата е добра за одгледување на тутун, лозја, овошни насади, култури кои имаат потреба од топлина, билки, печурки и др. Особено карактеристични за областа се долготрајните летни суши во низините, а врнежите се под просекот на земјата и се нерамномерно распределени по сезони и месеци. Ова создава проблеми, со оглед дека се зголемува потребата од наводнување во земјоделство и со тоа се поскапува земјоделското производство. Понатаму, пролетните и раните есенски мразови нанесуваат сериозна штета на зеленчукот, тутунот, овошните дрвја. Според податоците на последниот попис од 01.02.2011 година населението во областа Благоевград изнесува 323 552 лица или 4,4% од вкупното население на Бугарија

Областа Благоевград на Република Бугарија опфаќа територија на 14 Општини и тоа:

Благоевград
Банско
Белица
Гоце Делчев
Гармен
Кресна
Петрич
Разлог
Сандански
Сатовча
Симитли
Струмјани
Хаџидимово
Јакоруда

Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот (Waste EDU)

Веб страната е кофинансирана од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ - ИПА CCI 2014TC16I5CB006 Бугарија-Македонија. Оваа веб страна е изработена со помош на Европската Унија. Содржината на оваа веб страна е одговорност на Центар за климатски промени - Гевгелија и не ги одразува ставовите на Европската Унија, државите учеснички и раководниот орган.