Настани

Изработка на едукативна книга "Животниот циклус на отпадот" - специјално дизајнирана за ученици од основното образование

Септември, 2017

Со цел да се подобри знаењето и да се подигне свеста кај младите за намалување, рециклирање и управување со отпад, водечкиот партнер СПЕЕ -BG со ангажирање на надворешни експерти, ќе ја изработи содржината, дизајнот и воедно ќе ја испечати едукативната книга "Животниот циклус на отпадот". Врз основа на генералниот концепт на проектните партнери, едукативната книга ќе биде развиена во заедничка соработка помеѓу двата партнера, воедно ќе развијат промотивни информации и насоки за различните видови на отпад и средства за намалување и спречување на создавањето на отпад. Едукативната книга ќе биде погодна за деца / ученици на возраст до 16 години, која ќе содржи воглавно слики и тематски содржини - инфографици, графикони, цртежи, итн.

Амбициозната цел на проектните партнери е да изработат едукативна книга која ќе биде лесно читлива и која ќе содржи лесно разбирливи информации во форма на текст, слики, цртежи и инфографици и притоа ќе им помогне на учениците да научат за важноста за намалување и рециклирање на отпадот. Деталниот концепт и содржината на едукативната книга ќе бидат развиени од страна на надворешен консултант кој ќе биде ангажиран од страна на водечкиот партнер. Во едукативната книга исто така, ќе има информации за софтверот за мапирање на нестандардни депонии за отпад и веб-порталот прикажан во една интересна форма.

Едукативната книга ќе биде дистрибуирана во Р. Бугарија и во Р. Македонија преку проектните партнери. Книгата се очекува да биде објавена во месец Септември 2017 година.