Настани

Заеднички зелени училишта и кампови "WasteEDU" во Р. Бугарија и Р. Македонија

Септ/Окт, 2017

Главна цел на оваа активност е обезбедување директна вклученост на учениците од основните училишта во прекуграничната област во Р. Македонија и Р. Бугарија. Директната вклученост опфаќа организирање на тематски работилници / семинари, вклучувајќи практични игри и натпревари кои ќе ја зголемат свеста на учениците и знаење за добро управување со отпадот и економските придобивки од правилната селекција на отпадот.

Семинарите и практичните активности ќе се организираат во рамките на таканаречените заеднички зелени училишта и кампови, по еден настан ќе биде организиран во двете земји. Целта на зелените училишта и кампови е запознавање со различните аспекти на заштитата на животната средина, видот на отпадот, управувањето со отпадот и други можности со примена на практични активности. Во Р. Бугарија ќе се организира зелено училиште и камп по предметот "Животна средина, енергија, отпад - игри и активности во природа" каде учествуваат 15 ученици од Р. Македонија и 15 од Р. Бугарија.

Во Р. Македонија настанот ќе се организира со наслов "Семинар за создавање на производи од отпад - креации на отпад - игри и активности во природата". Двата настани ќе бидат со времетраење од 3 дена, организирани во некој хотел во близина на планина или во природа.

Индикативен период за завршување на овие настани се септември и октомври 2017 година.