Настани

Завршна конференција во Р. Бугарија "Прекугранична размена на искуства во областа на управувањето со отпадот"

Септ/Окт, 2017

Спроведувањето на проектот ќе се заокружи со организирање на завршна конференција во Р. Бугарија под наслов "Прекугранична размена на искуства во областа на управувањето со отпадот", каде што различни засегнати страни, претставници на целните групи и главните учесници во проектот ќе ги презентираат најдобрите практики, проекти и иницијативи од областа на управувањето со отпадот и спречувањето на загадувањето во Р. Бугарија и Р. Македонија.

За време на конференцијата, проектниот тим ќе ги презентира резултатите и достигнувања на проектот и ќе ги промовираат развиените алатки и производи чија цел е подигнување на свеста кај младите луѓе од двете земји за заштита на животната средина (намалување и рециклирање на отпадот).

Завршната конференција, исто така ќе се обиде да ги вклучи и да им го привлече вниманието на главните локални и регионални засегнати страни (локални и регионални власти поврзани со животната средина) за тоа како преку соработка и искористување на алатките развиени во рамките на проектот може да се спроведат нови мерки поврзани со заштитата на животната средина со активно учество на локалните заедници, а особено на младите луѓе. На финалната конференција ќе присуствуваат 40 учесници (25 учесници од Р. Бугарија и 15 гости учесници од Р. Македонија).

Настанот се планира да се спроведе на крајот од спроведувањето на проектот (декември 2017 - јануари 2018 година)