Настани

Форум WasteEDU (Управување со отпадот во прекуграничната област - недостатоци во образованието на младите генерации)

Септ/Окт, 2017

Главната цел е да се соберат различни релевантни чинители на едно место и да се дискутира за образованието за управување со отпад во образовните институции од прекуграничната област. Форумот ќе се организира под наслов: "Управување со отпад во прекуграничната област - недостатоци во образованието на младите генерации" со времетраење од 2 дена, каде што планирано е да учествуваат околу 40 учесници.

Целните групи за овој настан се претставници од основните училишта - (професори, директори, педагози), невладини организации кои работат со ученици и млади, претставници на локалната самоуправа итн. Петнаесет учесници ќе учествуваат од Р. Бугарија, регионот Благоевград и 25 учесници од Југоисточниот регион од Р. Македонија.

Главната идеја е да се соберат претставници од двете земји на едно место и да се дискутира за моменталната состојба, предизвиците и недостатоците во образовниот процес во врска со управувањето со отпадот. За учесниците од Бугарија ќе биде обезбедено сместување за една ноќ. Освен дискусиите за конкретната тема, ќе се ангажираат двајца предавачи за да ја презентираат моменталната состојба, бариерите и недостатоците во прекуграничната област. Модераторот ќе биде задолжен за успешното спроведување на форумот.