Настани

Софтвер за мапирање на диви депонии и други загадени области и интегрирање на софтверот со веб-порталот

Септ/Окт, 2017

Со цел да се зголеми интересот кај младите за прашања поврзани со намалување, рециклирање и превенција на отпадот, како и воедно да се вклучат во процесот на заштита на животната средина, проектните партнери ќе развијат концепт за софтверско решение за мобилен телефон кој ќе им овозможи на корисниците да ги фотографираат, мапираат и да ги испратат локациите од дивите депонии, ѓубришта и други загадени области во прекуграничниот регионот.

Концептот за софтверот не е потполно иновативен, бидејќи веќе беше имплементиран на иницијатива на бугарскиот приватен телевизиски медиум, но ќе биде иновативен за прекуграничниот регегион и организациите и образовните институции лоцирани во овој регион, бидејќи ќе обезбеди бесплатна, лесно достапна апликација за уредите со Android оперативен систем за да се вклучат младите луѓе во активностите за заштита на животната средина. Концептот на софтверот е да се овозможи на секој студент / корисник да стане еколошки новинар со користење на неговиот / нејзиниот паметен телефон со фотографирање, мапирање и прикажување на постоечките диви депонии, ѓубришта и други видови на загадување.

Откако ќе бидат фотографирани и мапирани информациите од идентификуваната депонија или ѓубриште ќе бидат испратени преку софтверот (преку 3G или Wi-Fi) и ќе бидат прикажани на заедничката карта од прекуграничниот регион која ќе биде достапна на веб-порталот на проектот и ќе ги содржи сите потенцијалните диви депонии, ѓубришта и други видови на загадување кои се идентификувани / мапирани / фотографирани од страна на корисниците на софтверот.