Новости

Последни Новости

За почиста планета - Адидас ги претстави патиките коишто може целосно да се рециклираат

  • 09 Јуни, 2019

Адидас го претстави најновиот модел на патиките наречени Futurecraft Loop. Овој модел на патики е целосно изработен од пластика којашто може да се сомеле и повторно да се употреби. Целта на лансирање на овој нов модел е желбата на Адидас да помогне во справување со кризата со отпадот од пластика. Односно да направат затворен кружен систем од пластика каде истата ќе се рециклира и повторно ќе се употребува за производство на нова. Прочитај повеќе [+]

Центар за климатски промени- Гевгелија организираше еднодневен настан по повод „Светскиот ден на животната средина“

  • 06 Јуни, 2019

По повод „Светскиот ден на животната средина“, Центар за климатски промени- Гевгелија организираше еднодневен настан во Општина Гевгелија. Во рамките на настанот беше организирана парада за чист воздух во која учествуваа 50 дечиња од ЈОУДГ „Детска радост“. Парадата се одржа во центарот на Гевгелија, каде најмалите парадираа со изработените транспаренти со пораки за чиста животна средина, воедно изведоа музичка точка и рецитираа песни со еколошки пораки. Прочитај повеќе [+]

Одбележување на Светскиот ден на животната средина!

  • 30 Maj, 2019

Светскиот ден на животната средина е најголем годишен настан за позитивно еколошко делување и се одржува секој 5ти јуни. Одбележувањето на овој ден ни дава можност да ги прошириме основите за одговорно однесување на поединците, претпријатија и заедницата во зачувувањето и подобрувањето на животната средина. Прочитај повеќе [+]

Европарламентот ги забрани пластичните предмети за еднократна употреба

  • 27 Maj, 2019

Европскиот парламент денеска го одобри новото законодавство на ЕУ со кое се забрануваат пластични производи за еднократна употреба, како прибор за јадење, чинии, цевки и стапчиња за чистење уши, јави дописникот на МИА од Стразбур Прочитај повеќе [+]

Денес се одбележува Светскиот ден на биолошка разновидност

  • 22 Maj, 2019

Во земјава денеска се одбележува Светскиот ден на биолошка разновидност. На одбележувањето ќе се обрати министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки. Ќе бидат промовирани двата најзначајни национални документа во областа природа – Националната стратегија за заштита на природата со Акциски план (2017-2027) и Националната стратегија за биолошка разновидност (2018-2023). Прочитај повеќе [+]

Редовна употреба на опремата за правилно собирање и селектирање на отпад

  • 30 Април, 2019

Во текот на целата година, по испораката на специјализирана опрема за правилно собирање и селектирање на отпадот, наставниците и учениците од ОУ "Брата Миладинови", с.Конърско, редовно ги користат тубите за собирање на батерии и го чистат училиштето за "Ден на пролетта", "Денот на планетата Земја" или "Денот на животната средина". Прочитај повеќе [+]

Одбележан Денот на Планетата Земја (22 април)

  • 23 Април, 2019

Основно училиште "Христо Ботев" - Благоевград го прослави Денот на планетата Земја (22 април) со презентација за зачувување на чиста планета, со интересен и забавен квиз и изложба на темата животна средина. Целта беше да се едуцираат децата да се чувствуваат одговорни за моменталната и иднината на природата. Прочитај повеќе [+]

Селекција на отпад – зошто е неопходно да се селектираат овие видови отпад?

  • 03 Април, 2019

Лошото управување со е-отпад значи дека заедниците и животната средина ќе продолжат да ја плаќаат цената за токсичниот и неефикасен дизајн на производителите на електроника. На пример, голем дел завршува на депониите каде што може да предизвика истекување на опасни супстанции, испарување на жива или пожари, кои предизвикуваат загадување на атмосферата и остатоци од токсичен прав. Прочитај повеќе [+]

Претставниците од двете партнерски организации СПЕЕ – BG и ЦКП – Гевгелија во Скопје одржаа работен состанок

  • 30 Јануари, 2019

По успешното спроведување на проектот „Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот (WasteEDU) “ во рамките на првиот повик за предлози на Интеррег-ИПА прекуграничната програма Бугарија – Македонија CCI број 2014TC16I5CB006, претставниците од двете партнерски организации СПЕЕ – BG и ЦКП – Гевгелија на 26 јануари 2018 година во Скопје одржаа работен состанок. Фокусот на средбата беше да се процени спроведувањето на проектот и перспективите за идната соработка. Прочитај повеќе [+]

ЦКП и СПЕЕ – BG заеднички подготвуваат предлог проект за Вториот повик ИНТЕРРЕГ-ИПА "Бугарија - Македонија"

  • 30 Maj, 2018

Од февруари до мај 2018 година, членовите на Сојуз на производители на еколошка енергија-BG и Центар за климатски промени - Гевгелија заеднички го развиваа проектот "Заеднички механизам за превенција на ризици и управување со катастрофи од земјоделски активности во прекуграничен регион "/ AgriWaste /. Прочитај повеќе [+]

Покана за завршната конференција на проектот "Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот" - "WasteEDU"

  • 29 ноември, 2017

Здружението "Сојуз на производители на еколошка енергија - BG" (СПЕЕ - BG) има задоволство да ве покани да учествувате во завршната конференција на проектот "Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот" (со акроним "WasteEDU" ). Проектот е заедничка иницијатива на СПЕЕ - BG и "Центар за климатски промени - Гевгелија" од Република Македонија, која се реализира со поддршка на Европската унија, и има за цел да ја подигне свеста и знаењето на младите за заштита на животната средина, преку активното учество во активности за управување со отпад, негово намалување и рециклирање. Прочитај повеќе [+]

Во Добриниште се одржа Зелена школа за управување со отпад

  • 31 октомври, 2017

Меѓу главните цели на Зелената школа беше подигнување на свеста и знаење на учениците за ефективното управување со отпадот. Иницијативата промовира заедничките напори во оваа насока и воспитување на еколошки однос и практики кај младата и адолесцент генерација во регионот. Меѓу главните цели на Зелената школа беше подигнување на свеста и знаење на учениците за ефективното управување со отпадот. Иницијативата промовира заедничките напори во оваа насока и воспитување на еколошки однос и практики кај младата и адолесцент генерација во регионот. Прочитај повеќе [+]

Тридневен зелен камп во Бугарија, 27-29 октомври 2017 година

  • 25 октомври 2017

На 27 до 29 октомври 2017 година во хотелот "Валентино" Добриниште, Република Бугарија ќе се одржи тридневниот зелен камп на тема "Го цениме животот". Зелениот камп е организиран во рамките на проектот "Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и квалитетот на животот - WasteEDU ", и е имплементиран од страна на Алијансата на производители на еколошка енергија - BG и Центар за климатски промени – Гевгелија. Проектот е финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка на Република Македонија и Република Бугарија. Прочитај повеќе [+]

Одржан Зелениот камп „Уметност од Отпад“ во Дојран, Македонија

  • 10 октомври 2017

Од 6ти до 8-ми октомври 2017 година во хотел Истатов – Дојран, се одржа тридневен зелен камп на тема „Уметност од отпад“ со цел едукација и подигнување на свеста на најмладите за правилното постапување со отпадот. Кампот е организиран од Здружението на граѓани „Центар за климатски промени“ – Гевгелија. На зелениот камп учествуваа 30 ученици од Р. Македонија и Р. Бугарија кои имаа прилика да научат како правилно да постапуваат со отпадот, а истовремено и меѓусебно да се дружат и да развијат пријателства. Прочитај повеќе [+]

Ке се организира тридневен зелен камп за ученици од Македонија и Бугарија

  • 02 октомври 2017

ЗГ „Центар за климатски промени“ – Гевгелија од 6ти до 8ми октомври“ во Хотел Истатов, Дојран ќе организира тридневен зелен камп на тема „Уметност од отпад“. Главната цел на зелениот камп е зголемување на свеста кај учениците од основните училишта во прекуграничната област на Р. Македонија и Р. Бугарија за управувањето со отпад, неговото намалување, спречување, селектирање и рециклирање. На зелениот камп ќе бидат организирани тематски работилници за изработка на фигури од отпад, игри и натпревари за правилна селекција на отпадот. Прочитај повеќе [+]

Што е компост и како да компостираме?

  • 25 јули 2017

Компостирањето е разградување на биоотпадот со помош на низа живи организми, при што настануваат јаглерод диоксид, вода, топлина и компост. Тоа е најстариот и најприроден начин на рециклирање на отпадот! Во биоотпад кој може да се компостира спаѓа кујнскиот отпад (од готвена храна) и градинарски или зелен отпад. Зошто да се компостира? Прво, затоа што штедиме пари. Компостот е квалитетно органско ѓубриво кое е потполно бесплатно. Прочитај повеќе [+]

Што е биоразградлив отпад?Што е биоразградлив отпад?

  • 6ти јули 2017

Технички гледано, биоразградлив производ е нешто што може да се распадне во природата со помош на микроорганизми и други биолошки процеси. Биоразградливиот отпад, исто така може да се нарече зелен отпад, отпадоци од храна или органски отпад. Кога биоразградливите производи се изложени на природа, вклучувајќи кислород и влага, тие се распаѓаат релативно ефикасно. Еве еден пример за тоа колку долг временски период им е потребен на разни биоразградливи предмети да тие природно се разградат (под претпоставка дека има соодветно снабдување со кислород и влага): Прочитај повеќе [+]

Создавање на отпад (како се создава отпадот)?

  • 9ти Јуни 2017

Отпадот се создава при човековите активностите и се гледа како неизбежен нус-продукт од економските активности (отпад кој се создава од неефикасните производствени процеси, од краткотрајноста на стоките и неодржливото консумирање на истите). Создавањето на отпадот укажува на губење на материја и енергија и наметнува трошоци на општеството и државата за собирање, третман и депонирање на отпадот. Отпадот е еден од главните еколошки проблеми во многу европски земји, па и во Република Македонија земајќи го во предвид фактот дека количините на отпад постојано се зголемуваат. Прочитај повеќе [+]

5ти јуни - Светскиот ден за заштита на животната средина

  • 5 Јуни, 2017

На 5 јуни го одбележуваме Светскиот ден за заштита на животната средина - иницијатива на ОН која се претворила во глобална платформа за јавен дијалог и соработка помеѓу над 143 земји во светот за прашања поврзани со заштитата на животната средина, глобалното затоплување, одржлива потрошувачка на населението, злосторства против дивиот свет и др.

Денот на животната средина е најголемиот годишен настан за поттикнување и подржување еколошки иницијативи. За прв пат тој е прогласен од страна на Генералното собрание на ОН во 1972 година, и оттогаш досега, земјите и организациите членки на ОН организираат и спроведуваат различни активности кои ја поддржуваат заштитата и подобрувањето на состојбата со... Прочитај повеќе [+]

Промотивното видео за документарниот филм „Taste the waste“,

  • 1 Јуни, 2017

Погледнете го промотивното видео за документарниот филм „Taste the waste“, кој ја прикажува неверојатната вистина за фрлањето на милиони тони храна. Пробува да ги најде причините и решенијата, а притоа да ја зголеми свеста што може секој од нас да преземе... Прочитај повеќе [+]

Што е комунален отпад ?

  • 25ти Мај 2017

Комуналниот цврст отпад, попознат како ѓубре се состои од предмети за секојдневна употреба, како што се пакувања за производи, откосена трева, мебел, облека, шишиња, остатоци од храна, весници, уреди, бои и батерии. Тоа е првенствено отпад собран од домаќинствата или од собирни центри, како на пример отпад и остатоци од рециклирање. Тоа вклучува биоразградливи материјали, материјали кои може да се рециклираат како шишиња, хартија, картон, алуминиумски конзерви и широк спектар на неразградливи материјали вклучувајќи боја, бела техника, стар мебел и апарати за осветлување. ... Прочитај повеќе [+]

Одржан форум за управување со отпад во прекуграничниот регион – недостатоци во образованието кај младите генерации

  • 15 Мај, 2017

На 12 и 13 Мај 2017 година во Струмица, ЗГ„Центар за климатски промени“ – Гевгелија организир аше дводневен форум на тема „Управување со отпад во прекуграничниот регион – недостатоци во образованието кај младите генерации.

На Форумот присуствуваа повеќе од 60 претставници на образовните институции, општините и здруженијата на граѓани од Југоисточниот регион на Македонија и областа Благоевград, Бугарија. Во текот на двата дена, претставниците имаа можност да разговараат за моменталната состојба со управувањето со отпад (УО) во регионите, проблемите и бариерите со кои се... Прочитај повеќе [+]

Се организира форум за управување со отпад во прекуграничниот регион

  • 10 Мај, 2017

Здружението на граѓани „Центар за климатски промени“ – Гевгелија на 12 и 13 Мај “ во Хотел Есперанто, Струмица ќе организира дводневен форум на тема „Управување со отпад во прекуграничниот регион – недостатоци во образованието кај младите генерации.

На форумот се поканети сите заинтересирани страни кои работат на полето на едукација на најмладите и во областа со заштита и унапредување со животната средина. ... Прочитај повеќе [+]

Што е отпад, колку тони отпад се создаваат секоја година во Европа?

  • 10 Мај, 2017

Отпад се сите предмети кои за луѓето повеќе немаат било каква употребна вредност, од кои имаат намера да се ослободат или веќе се отстранети. Покрај тоа, отпад претставуваат и оние предмети за кои луѓето сакаат да ги исфрлат поради нивните опасни својства. Многу елементи може да се сметаат како отпад на пример, ѓубре од домаќинството, отпадоците од производни активности, пакувања, стари автомобили, стари телевизори, градинарски отпад, стари контејнери за боја итн. На тој начин, сите наши секојдневни активности може да произведуваат големо количество различни видови отпад кои потекнуваат од различни извори. ... Прочитај повеќе [+]

ЗГ „Центар за климатски промени“ – Гевгелија започнува информативна кампања за промовирање на проектот „Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот“

  • 11 Април, 2017

ЗГ „Центар за климатски промени“ – Гевгелија започнува информативна кампања за промовирање на проектот „Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот“ финансиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка на Македонија и Бугарија, прв повик 2014TC16I5CB006-2015-1.

Главната цел на проектот е да се интензивира и промовира прекуграничната соработка помеѓу луѓето и институциите за заедничко решавање на еколошки проблеми поврзани со...Прочитај повеќе [+]