Новости

Покана за завршната конференција на проектот "Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот" - "WasteEDU"

29 ноември, 2017


Здружението "Сојуз на производители на еколошка енергија - BG" (СПЕЕ - BG) има задоволство да ве покани да учествувате во завршната конференција на проектот "Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот" (со акроним "WasteEDU" ). Проектот е заедничка иницијатива на СПЕЕ - BG и "Центар за климатски промени - Гевгелија" од Република Македонија, која се реализира со поддршка на Европската унија, и има за цел да ја подигне свеста и знаењето на младите за заштита на животната средина, преку активното учество во активности за управување со отпад, негово намалување и рециклирање.

Основната цел и акцент на настанот се претставувањето на резултатите од реализацијата на проектот, а исто така и да послужи како платформа за размена на искуства и добри практики во образованието на адолесцентите, во однос на заштитата на животната средина и превенцијата на отпадот. Во завршната конференција на проектот се очекува да земат учество претставници на образовни институции, невладини организации, локални и регионални власти од Бугарија и Македонија.

Во рамките на конференцијата ќе бидат наградени училиштата - учесници во активностите на проектот, кои ќе добијат опрема за собирање и селектирање на отпад и други образовни и промотивни материјали од спроведувањето на проектот. Покрај тоа, секоја образовна институција ќе добие и сертификат за еколошко одговорно училиште.

kl Конференцијата ќе се одржи на 1-ви и 2-ри декември (петок и сабота) 2017 година во конференциската сала на Хотел Монте Кристо, Благоевград. Учеството на конференцијата е бесплатно, како и трошоците за храна и сместување се на сметка на организаторите во рамките на буџетот на проектот.

Со оглед на логистичка организација, Ве молиме да го изразите својот интерес за учество на следната електронска пошта: eco_energy07@abv.bg или ако користите формата за онлајн регистрација, која е достапна на адреса: https://goo.gl/forms/TZ8GZtj4ymoJDyIy2 , најдоцна до 30.11.2017, 17:00 часот.

Агенда [превземи]