Новости

Одбележување на Светскиот ден на животната средина!

30 Мај, 2019


Светскиот ден на животната средина е најголем годишен настан за позитивно еколошко делување и се одржува секој 5ти јуни. Одбележувањето на овој ден ни дава можност да ги прошириме основите за одговорно однесување на поединците, претпријатија и заедницата во зачувувањето и подобрувањето на животната средина.

Темата на Светскиот ден на животната средина 2019 година ќе биде „Загадување на воздухот“. Не можеме да престанеме да дишеме, но можеме да направиме нешто за квалитетот на воздухот што го дишеме.

По тој повод Центар за климатски промени- Гевгелија планира да организра еднодневен настан во Гевгелија, односно во основните училишта во градот и во две детски градинки. Настанот вклучува 30 минути презентација за загадување на воздухот и негови влијанија, во двете основни училишта (ООУ Владо Кантарџиев и ООУ Крсте Мисирков). Воедно, за најмалите, децата од градинките, организираме парада од градинките до центарот на градот каде што ќе децата ќе се претстават со краток настап на тема животна средина. За дечињата од градинките ќе се обезбедат маици на кои е испечатена порака за чист воздух. Парадата се предвидува да започне во 9 часот, а во 9:30 часот се очекува да пристигнат на Плоштадот во Гевгелија. Презентацијата во ООУ Владо Кантарџиев е закажана за 11:30, а во ООУ Крсте Мисирков во 12:30 часот.

Настанот се организира во рамките на проектот „Развивање и имплементација на здравствен индекс за загадување на воздухот во прекуграничен регион (TRAP)“ спроведуван од Центар за климатски промени и Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, Општина Лерин, Центар за животна средина на Западна Македонија и Европската Регионална Платформа за соработка од Грција, и е финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија - Грција.