За Организациите

Водечки Партнер

Сојуз на производители на еколошка енергија - BG

"Сојуз на производители на еколошка енергија - БГ" е регистриран како здружение со непрофитна задача за остварување на социјални активности. "SPEE - БГ" врши популаризација на активности од областа на обновливи и алтернативни извори на енергија, како што се: Врши координација; Нуди и помага при реализирање иницијативи; Помага во процесот на создавање и финансирање на проекти Врши други работи како што се: Размена на технички и логистички информации, Подготвување на објективни анализи и предвидувања, научните достигнувања, Мониторинг во областа на ОИЕ и AES. Активен е во зачувување на животната средина и зголемување на економската ефикасност на производството.

Проектен Партнер


Центар за Климатски Промени

Центар за климатски промени е невладина, непрофитна, независна организација, која функционира од 2008 година. Активностите на Центарот се насочени кон заштитата на животната средина, ублажување на климатските промени, одржливо користење на енергијата и правилното управување со отпадот. Од 2009 година Центарот за климатски промени е локален партнер на норвешката компанија Норск Енерги, при што заедно ги спроведуваат своите проектни активности во Македонија.

Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот (Waste EDU)

Веб страната е кофинансирана од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ - ИПА CCI 2014TC16I5CB006 Бугарија-Македонија. Оваа веб страна е изработена со помош на Европската Унија. Содржината на оваа веб страна е одговорност на Центар за климатски промени - Гевгелија и не ги одразува ставовите на Европската Унија, државите учеснички и раководниот орган.