За проектот

ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ

Да се зголеми нивото на свест и знаење на целните групи од проектот и на заинтересираните страни за заштитата на животната средина преку промовирање на активности поврзани со управување со отпад, намалување и негово рециклирање.

СПЕЦИФИЧНИ ЦЕЛИ

Да се воспостави интегриран пристап како подршка на едукацијата за животна средина и заедничките јавни активности за отстранување на нелегалните депонии и спречување на загадувањето;
Да се идентификуваат заедничките проблеми и недостатоци поврзани со едукацијата за управувањето со отпад и подигнување на свеста за селектирање и рециклирање на отпад во образовните институции од прекуграничниот регион на Р. Бугарија и Р.Македонија;
Да се подобри свеста и да се зголеми интересот за прашањата поврзани со заштитата на животната средина, намалување на количеството на отпад и негово рециклирање;
Да се поттикне активното учество на младите за прашањата поврзани со заштитата на животната средина;

АКТИВНОСТИ

Имплементација на едукативна и промотивна кампања за образовните институции во прекуграничниот регион во Р. Бугарија и Р. Македонија;
Изработка и дизајн на опрема за собирање и селектирање на отпад во основните училишта во Р. Бугарија и Р. Македонија;
Изработка на тренинг програма за неформална едукација „WasteEdu"
Организирање на заеднички зелени школи и кампови „WasteEdu” во Р. Бугарија и Р. Македонија
Изработка на интернет страна за проектот WasteEdu
Развој на софтвер за мапирање на дивите депонии и други загадени подрачја;
Изработка на едукативна книга „Животниот циклус на отпадот" наменета за деца и ученици до 16 години;
Организирање на форум за застапеноста на едукативни програми за управување со отпад во образовните институции;
Организирање на завршна конференција во Р. Бугарија „Прекугранична размена на искуства во областа на управувањето со отпад“

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

Спроведување на информативна и промотивна кампања во образовните институции на територијата на прекуграничниот регион во Р. Бугарија и Р. Македонија;
Зголемен интерес помеѓу младите за прашања кои се поврзани со намалување на отпад, рециклирање и превенција;
Подобрена свест и знаење на младите генерации за теми поврзани со заштита на животната средина, намалување на количеството на отпад и рециклирање;
Поттикнување на директна вклученост и учество на младите луѓе во кампањи за заштита на животната средина;
Поттикнување на размена на искуства и најдобри практики помеѓу различни засегнати страни поврзани со образование за животна средина во прекуграничниот регион во Р. Бугарија и Р. Македонија.

ЦЕЛНИ ГРУПИ

Ученици од основните училишта на возраст од 6 до 15 години(од 1-во до 8-мо одделение во Р. Бугарија и од 1-во до 9-то одделение во Р. Македонија);
Основните училишта во прекуграничниот регион;
Граѓански организации, здруженија и други организации кои се поврзани со активности поврзани за животна средина и активности за младите;
Мали и средни претпријатија кои работат во областа на управувањето со отпад (селектирање на отпад, рециклирање итн);
Регионални и локални власти.

Пламен Тодоров

>> Проектен менаџер

Професионалното искуство на г-дин Тодоров започна во 2001 година. Во 2006 година ја започна својата работа во БИЦЦ-Сандански, каде што специјализирал во областа на менаџирање и развој на бизнис и инвестициски проекти. Г-дин Тодоров разви и учествуваше во проекти фокусирани на економски развој, иновации, обновливи извори на енергија. Тој има повеќе од 11 години искуство во управување со проекти и координација во рамките на разни програми како што се: Еразмус +, бугарскиот ОПС, ФАРЕ ПС, Леонардо - Програмата за доживотно учење, Програмата за прекугранична соработка ИПА, Рамковната програма за конкурентност и иновации, Програмата за развој на УСАИД, Европска Територијална соработка, Програми на Европскиот фонд за регионален развој (ЕРДФ), Шема за грантови за конкурентност на МСП итн. Како проект менаџер на проектот "WasteEDU", Пламен е одговорен за успешно спроведување на проектот. Тој раководи, управува и го мотивира проектниот тим, а воедно обезбедува секојдневно планирање и следење на проектот. Тој ги развива и одржува договорените проекти за имплементација и деталните фази. Како менаџер на проектот, Пламен е исто така одговорен да изгради и да одржи ефикасна комуникација со другите членови на проектот, како и со различни институции, организации и засегнати страни поврзани со проектот.

Румијана Попова

>> Технички и финансиски координатор

Румијана Попова е технички и финансиски координатор на проектот "WasteEDU" во Алијансата на производители на еколошка енергија-BG (СПEE-BG)". Румијана е магистер по европски студии и кандидат за доктор по политички науки. Има 5 години професионално искуство во работењето на различни проекти од областа на обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, заштита на животната средина и прекугранична соработка. Во периодот од 2012 до 2017 година, Румијана работи на промовирање на обновливи и алтернативни извори на енергија и практики за управување со отпад. Таа е специјализирана за организирање и реализирање на ефективна интеракција и соработка помеѓу компаниите кои работат на полето на обновливите извори на енергија, образовните и невладините организации и институции, регионалните и националните власти и другите засегнати страни за целосна и корисна употреба на ОИЕ, заштита на животната средина и остварување на одржлив социјален и економски развој во регионот Благоевград. Како технички и финансиски координатор од СПEE-BG, Румијана го управува и координира спроведувањето на проектните активности во прекуграничната област во Бугарија. Таа е одговорна за изведувањето на временскиот распоред за спроведување на проектот и врши надзор над извршувањето на склучените договори и исполнувањето на зададените задачи. Таа е исто така одговорна за организацијата и за чувањето на документацијата и информациите поврзани со проектот, учествува во организацијата на проектни настани и го обезбедува и координира медиумското покривање на проектните активности. Румијана, исто така, учествува во подготовката на извештаите за напредокот и конечниот извештај за реализација на проектот.

Филип Стојановски

>>Технички и финансиски координатор

Филип Стојановски е вработен во ЦКП на проектот WasteEDU како технички и финансиски координатор. Тој е машински инженер и има големо искуство во областа на енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија, управување со отпад и заштита на животна средина. Тој има повеќе од 5 години искуство во невладиниот сектор каде што работел како проектен менаџер, координатор и развивање на проекти. Во своето професионално искуство тој учествувал многу пати во изработка на научни студии, истражувања, анализа на различни прашања од областа на животната средина и енергетиката. Неговото искуство е многу корисно за успешна имплементација на WasteEDU проектот.

Бојана Станојевска Пецуровска

>> Проектен асистент

Бојана Станојевска Пецуровска работи како проектен асистент на проектот WasteEDU во Центарот за климатски промени-Гевгелија. Нејзината професионална кариера започна пред скоро 10 години во невладиниот сектор на проект за управување со отпад. Оттогаш нејзиното професионално искуство се развива на полето на заштита и управување со животна средина. Таа има огромно искуство во менаџирање на проекти, имплементација, справување со проблеми од животна средина и обезбедување експертиза во различни области од животна средина. Нејзината работа во ЦКП започна во 2008 година и опфаќа менаџмент и имплементација на проекти поврзани со енергетска ефикасност во индустрија, ублажување на климатски промени, управување со отпад во индустрија, управување со различни типови отпад како и подигнување на јавната свест за заштита на животна средина. Таа има завршено политички науки и е постдипломец на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања во отсекот Комуникации. Освен ова, во 2010 година таа успешно заврши курс за енергетика, животна средина и климатски промени на Универзитетот во Осло, и курс за зафаќање и складирање на јаглерод диоксид на Tsinghua Универзитетот во 2012 година. Таа поседува и сертификати за СОВЖС и ОВЖС и Управител со отпад, издадени од Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Македонија. Од ноември 2015 година таа е Претседател на Центар за климатски промени-Гевгелија.

Проектот се спроведува на територијата на Р. Бугарија - област Благоевград и на територијата на Р. Македонија – Југоисточен плански регион

Времетраење на проектот: 15 месеци (18.10.2016 – 18.01.2018)

Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот (Waste EDU)

Веб страната е кофинансирана од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ - ИПА CCI 2014TC16I5CB006 Бугарија-Македонија. Оваа веб страна е изработена со помош на Европската Унија. Содржината на оваа веб страна е одговорност на Центар за климатски промени - Гевгелија и не ги одразува ставовите на Европската Унија, државите учеснички и раководниот орган.