Настани

Се одржа завршната конференција на проектот "Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот"

03 Дек, 2017

На 1 и 2 декември 2017 година, во Благоевград, Р. Бугарија се одржа завршната конференција на проектот "Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот" ("WasteEDU").

На конференцијата учествуваа претставници од образовни институции, невладини организации, локални и регионални власти од Р. Бугарија и Р. Македонија. Во рамките на настанот беа презентирани резултатите од активностите на проектот, кој во текот на целиот период на спроведувањето послужи како платформа за размена на искуства и споделување на добри практики во образованието за учениците од основното образование во двете држави во однос на животната средина и управувањето со отпад.

Во рамките на конференцијата на училиштата кои учествуваа во активностите на проектот официјално им беше доделена опрема за одделно собирање на отпад, образовни и промотивни материјали од спроведувањето на проектот. Исто така секоја образовна институција доби и сертификат за еколошки одговорно училиште.

Проектот е заедничка иницијатива на СПЕЕ – BG од Р. Бугарија и "Центар за климатски промени - Гевгелија" од Р. Македонија, која се реализира со поддршка на Европската Унија и има за цел да ја подигне свеста и знаењето на младите за заштита на животната средина, преку активното учество во активности за управување со отпад, негово намалување и рециклирање.