WasteEdu во медиуми

Управување со отпад во прекуграничниот регион – недостатоци во образованието кај младите генерации

  • 9 Мај, 2017    Извор: eNauka

Здружението на граѓани „Центар за климатски промени“ – Гевгелија на 12 и 13 Мај “ во Хотел Есперанто, Струмица ќе организира дводневен форум на тема „ Управување со отпад во прекуграничниот регион – недостатоци во образованието кај младите генерации.

Главната цел на форумот е да ги собере на едно место сите засегнати страни (претставници на основните училишта, здруженија на граѓани кои работат во областа на едукација на млади и локалната самоуправа) и да се дискутира колку и на кој начин едукацијата за правилно постапување со отпадот е опфатена во образовниот систем во прекуграничниот регион. За време на форумот претставниците од двата погранични региони ќе имаат можност да поразговараат за моменталната состојба на образовниот систем во делот на управување со отпад, предизвиците, потешкотиите, како и предностите на општеството од создавање на правилни навики кај популацијата за управување со отпад уште во најрана возраст.

Предавачи на форумот ќе бидат г-ѓата Ана Каранфилова Мазневска – Раководител на секторот за отпад во Министерство за животна средина и просторно планирање и г-ѓата Билјана Серафимовска Лалчевска – Tренер за едукација.

Форумот е дел од проектните активности на проектот „Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот (Waste EDU)“, кој е финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка на Република Македонија и Република Бугарија. Целта на проектот е да се интензивира и промовира прекуграничната соработка помеѓу луѓето и институциите за заедничко решавање на еколошки проблеми поврзани со управувањето со отпадот и спречување на загадувањето во пограничниот регион, преку што ќе се овозможи подобар квалитет на животот во регионот. Подетални информации за проектот и за тековните активности може да се прочитаат на интернет порталот на проектот www.waste-edu.eu.