Новости

Тридневен зелен камп во Бугарија, 27-29 октомври 2017 година

25 октомври 2017

На 27 до 29 октомври 2017 година во хотелот "Валентино" Добриниште, Република Бугарија ќе се одржи тридневниот зелен камп на тема "Го цениме животот".

Зелениот камп е организиран во рамките на проектот "Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и квалитетот на животот - WasteEDU ", и е имплементиран од страна на Алијансата на производители на еколошка енергија - BG и Центар за климатски промени – Гевгелија. Проектот е финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка на Република Македонија и Република Бугарија.

Главната цел на зелениот камп е да се подигне свеста и знаењето на учениците од основното образование во прекуграничната област на Р. Бугарија и Р.Македонија за правилно и ефикасно управување со отпадот. Настанот има за цел да обезбеди и директно учество на учениците во проектните активности.

За време на зелениот камп, учениците ќе учат и дискутираат за управување со отпадот, заштита на животната средина и како да се постигне подобар квалитет на живот преку разни методи, како што се презентации, едукативни филмови, креативни активности и активности во природата. Покрај тоа, на зелениот камп ќе биде презентиран интерактивен модел на енергетска независна куќа. Зелениот камп е прекрасна можност за учениците да научат, откријат нови способности и таленти, да развиваат вештини, да работа во тим, да се забавуваат и да создаваат нови пријателства во една поинкава средина од училницата. Училницата ќе ја замениме со природа.

На зелениот камп ќе учествуваат вкупно 30 ученици од основно образование - 15 ученици од Р. Бугарија и 15 ученици од Р. Македонија. Храната и трошоците за сместување ќе бидат покриени од страна на организаторот на настанот - Сојуз на производители за еколошка енергија - BG.