Новости

ЦКП и СПЕЕ – BG заеднички подготвуваат предлог проект за Вториот повик ИНТЕРРЕГ-ИПА "Бугарија - Македонија"

30 Мај, 2018


Од февруари до мај 2018 година, членовите на Сојуз на производители на еколошка енергија-BG и Центар за климатски промени - Гевгелија заеднички го развиваа проектот "Заеднички механизам за превенција на ризици и управување со катастрофи од земјоделски активности во прекуграничен регион "/ AgriWaste /. Нацрт-предлогот беше аплициран во рамките на Вториот повик за предлози на Програмата за прекугранична соработка на ИНТЕРРЕГ-ИПА "Бугарија - Македонија" CCI број 2014TC16I5CB006.

По објавувањето на конечните резултати на предложените проекти за финансирање, проектот " AgriWaste " беше рангиран во рамките на резервната листа. Двете здружени СПЕЕ - BG и ЦКП се и понатаму амбициозни и мотивирани да продолжат да ја развиваат својата соработка во развојот и имплементацијата на иницијативи и проекти поврзани со заштитата на животната средина и климатските промени, спречување и намалување на отпадот, зголемувањето на искористеноста на ОИЕ, промоцијата на ЕЕ , итн.