Новости

Што е отпад, колку тони отпад се создаваат секоја година во Европа?

10 Ма,ј 2017

Отпад се сите предмети кои за луѓето повеќе немаат било каква употребна вредност, од кои имаат намера да се ослободат или веќе се отстранети. Покрај тоа, отпад претставуваат и оние предмети за кои луѓето сакаат да ги исфрлат поради нивните опасни својства.

Многу елементи може да се сметаат како отпад на пример, ѓубре од домаќинството, отпадоците од производни активности, пакувања, стари автомобили, стари телевизори, градинарски отпад, стари контејнери за боја итн. На тој начин, сите наши секојдневни активности може да произведуваат големо количество различни видови отпад кои потекнуваат од различни извори.

Над 1,8 милијарди тони отпад се создаваат секоја година во Европа. Ова е еднакво на 3,5 тони по лице. Ова главно се состои од отпад кој доаѓа од домаќинствата, деловните активности (на пример, продавници, ресторани, болници итн), од индустријата (на пример, фармацевтските компании, производителите на облека и слично), од земјоделството (на пример, исцедок), проекти за изградба и уривање, рударство и активности за вадење камен и од производство на енергија. Со такви огромни количества на отпад кој се произведува, од витално значење е управувањето да се одвива на таков начин што нема да предизвика никаква штета по здравјето на луѓето или врз животната средина.

Постојат голем број на различни опции на располагање за третман и управувањето со отпад, вклучувајќи:

  • Превенција
  • Минимизирање
  • Повторна употреба
  • Рециклирање
  • Добивање енергија
  • Отстранување
  • Депонирање

Согласно политиките на ЕУ, депонирањето се смета како последна опција и треба да се користи само кога сите другите опции се исцрпени, т.е. само отпадот кој не може да се зачува, повторно да се користи, рециклира или на друг начин да се третира, потребно е да се депонира.