Новости

Што е комунален отпад ?

25ти Мај, 2017

Комуналниот цврст отпад, попознат како ѓубре се состои од предмети за секојдневна употреба, како што се пакувања за производи, откосена трева, мебел, облека, шишиња, остатоци од храна, весници, уреди, бои и батерии.

Тоа е првенствено отпад собран од домаќинствата или од собирни центри, како на пример отпад и остатоци од рециклирање. Тоа вклучува биоразградливи материјали, материјали кои може да се рециклираат како шишиња, хартија, картон, алуминиумски конзерви и широк спектар на неразградливи материјали вклучувајќи боја, бела техника, стар мебел и апарати за осветлување. Главните извори за комунален цврст отпад се:

  • отпад од домаќинствата коjе се собира во домот, а подоцна се собира од тротоарите или сопственикот директно го носи во објект за собирање отпад; или
  • други видови на отпад од домаќинство (домашно расчистување, мебел и станбен-градинарски отпад); или
  • отпад создаден во локалната самоуправа (пр. отпад од чистење на улиците, канти за отпадоци и паркови); или
  • комерцијален отпад што се создава од подготовка на храна (простории, супермаркети и сл.)