WasteEdu во медиуми

Прекугранично партнерство за заштита на животната средина

Здружението на граѓани „Центар за климатски промени“ - Гевгелија во соработка со својот партнер од Република Бугарија, Алијанса на производители на еколошка енергија - BG, од Благоевград започна да го спроведува проектот „Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот (Waste EDU). Проектот ќе се спроведува во времетраење од 15 месеци во периодот од 18.10.2016 - 18.01.2017.

Целта на проектот е да се интензивира и промовира прекуграничната соработка помеѓу луѓето и институциите за заедничко решавање на еколошките проблеми поврзани со управувањето со отпадот и спречување на загадувањето во пограничниот регион, со цел да се овозможи подобар квалитет на живот. Целни групи на проектот се ученици од основните училишта на возраст од 6 - 15 години, невладини организации, мали и средни претпријатија кои работат во областа на управување со отпад.

Во рамките на проектот ќе се реализираат повеќе активности: едукативна и промотивна кампања за подигнување на јавната свест, ќе се изработи програма за обука наменета за основните училишта која ќе опфаќа теми за управувања со отпад, негово намалување и рециклирање, ќе се изработи веб страна, апликација за Andorid и iOS платформи со која ќе може секој да пријави диви депонии и други загадени области во пограничниот регион, ќе се изработи едукативна книга за животниот циклус на отпадот намената за деца и ученици до 16 годишна возраст, ќе се организира форум за застапеноста на едукативни програми за управување со отпад во образовните институции и ќе се изработи дизјан на опрема за складирање на отпад од стакло, хартија, пластика, батерии и ОЕЕО.

Проектот е финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка на Република Македонија и Република Бугарија, прв повик 2014TC16I5CB006-2015-1.

Проектот се имплементира на територијата на Република Бугарија - Област Благоeвград и Република Македонија - Југоисточен регион.